Приклучувањето на Украина во НАТО е директна закана за безбедноста на Русија, рече рускиот претседател Владимир Путин во своето вонредно обраќање до рускиот народ. Тој додаде дека влезот на Украина во НАТО не веднаш, туку нешто подоцна, не менува ништо за Русија.
-Го знаеме ставот на Соединетите Американски Држави, дека борбите во источна Украина не го исклучуваат влезот во НАТО. Повторно се обидуваат да не убедат дека НАТО е чисто одбранбена алијанса. Повторно предлагаат веруваме на нивниот збор, но многу добро знаеме која е вистинската цена на таквите зборови, рече Путин.
-Контролните системи на украинските вооружени сили веќе се директно интегрирани во НАТО, а Алијансата почна да ја освојува територијата на Украина, додаде Путин.
-Тоа значи дека командата на украинските вооружени сили, дури и поединечни одреди и единици, може да се извршува директно од штабот на НАТО. „САД и НАТО бесрамно почнаа да ја развиваат територијата на Украина како потенцијално бојно поле, посочи тој.