Османи ја осуди одлуката на Путин за признавање на Доњецк и Луганск како независни

од Nikola Popovski
294 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва објави дека се спротивставува на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за признавање на регионите Луганск и Доњецк.

-Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни. Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, објави Османи на својот Твитер профил.

Вечерва Путин потпиша документ со кој Москва ја призна независноста на отцепените украински територии Луганск и Доњецк. Путин потпиша договор за пријателство во Кремљ со Денис Пушилин (на чело со ДНР) и Леонид Пасечник (предводен од ЛНР).

Во обраќањето до јавноста во Москва, Путин рече дека Украина може да послужи како упориште на НАТО за напад врз Русија.

Слични содржини