Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека одлуката на Русија да ја признае независноста на самопрогласените републики Донбас и Луганск значи кршење на суверенитетот и интегритетот на Украина и еднострано напуштање на договорот од Минск.
„Последните потези на Русија за Украина недвосмислено значат кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја. Целата одговорност за последиците во врска со споменатите одлуки е на политичкото раководство на Русија“, рече тој во своето обраќање до нацијата.
Зеленски посочи дека Киев иницирал вонреден состанок на „нормандската четворка“ (Русија, Украина, Франција, Германија).
„Киев е посветен на политичко-дипломатско решение на проблемот и нема да подлегне на провокации, туку го задржува правото на индивидуална и колективна одбрана“, рече украинскиот претседател.
Никому ништо не должиме и никому ништо нема да предадеме, рече тој, додавајќи дека границите на земјата се сигурно заштитени и дека партнерите ја поддржуваат Украина.
Тој рече и дека руските власти со овие одлуки ги легализираат своите сили, кои „се наоѓаат во Донбас од 2014 година“.