Цврста поддршка за територијалниот интегритет на Украина изрази македонскиот претседател Стево Пендаровски преку Твитер .
„Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата. Изразувам цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, напиша Пендаровски.
Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата.
Изразувам цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на #Украина.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) February 22, 2022