Данела Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на градоначалничката на Скопје, која кажа дека Градот ќе ги исправи грешките на предходниот градоначалник.
Оттаму додаваат дека откако е стопиран проектот за иградба на Универзална сала денес таа излегла со целосна лага во јавноста.
-Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.Понатаму, Пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.
Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска, соопштија од партијата.