Дмитриј Медведев одговори на одлуката на Германија да го суспендира проектот за гасоводот „Северен тек 2“ со Русија.
„Германскиот канцелар Олаф Шолц го запре процесот на сертификација на Северен тек 2. Добро Добредојдовте во новиот свет каде Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за кубен метар природен гас“, напиша Медведев на Твитер.
Претходно германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека го суспендира проектот за гасоводот „Северен тек 2“ со Русија како одговор на признавањето од страна на Москва на два отцепени региони во Украина.
Шолц рече дека побарал од германскиот регулатор да го прекине процесот на ревизија на проектот.
„Ова звучи технички, но потребен е административен чекор за да не се изврши сертификација на гасоводот, а без оваа сертификација, Северен тек 2 не може да започне со работа“, рече тој.