„Си-Ен-Ен“: Европа подготвува санкции за 351 руски пратеник

од Nikola Popovski
237 прегледи

Според Си-Ен-Ен, Европската комисија и Европската служба за надворешни работи претставиле предлог за санкции до земјите-членки на ЕУ по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.

Според текстот на Си-Ен-Ен, санкциите ќе опфатат поединци и субјекти, вклучително и политички фигури, воен персонал за кои ЕУ смета дека се поврзани со „незаконски активности“.

Ќе бидат воведени санкции за 351 руски пратеник кои гласаа за признавање на независноста на Доњецк и Луганск, а во нив ќе бидат опфатени и единаесет пратеници кои предложија распоредување на руски војници во овие непризнаени републики.

Да потсетиме, по одлуката на Владимир Путин да ја признае независноста на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, западните лидери најавија сет на санкции против Русија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша на Твитер дека првиот пакет санкции ќе биде претставен денеска.