Путин: Русија повеќе не можеше да толерира геноцид

од Nikola Popovski
274 прегледи

Русија отсекогаш била заинтересирана за спроведување на договорите од Минск, бидејќи овој документ е резултат на компромис, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека договорите од Минск повеќе не постојат.

„И затоа сакам уште еднаш да истакнам дека бевме заинтересирани за спроведување на овој пакет мерки, бидејќи тоа е резултат на компромис“, нагласи шефот на државата. Тој потсети дека бил меѓу авторите на овој документ во име на Руската Федерација.

Украинските власти јавно изјавија дека нема да ги почитуваат договорите од Минск, а Русија повеќе не можела да го толерира геноцидот врз народот на Донбас.

-Европа не можеше да го натера Киев да се придржува до договорите од Минск, па Русија беше принудена да донесе одлука да ги признае ДНР и ЛНР, додаде Путин.

-Со напорите на сегашните власти во Киев, договорите од Минск се сведени на нула, тие беа убиени многу пред Русија да ги признае ДНР и ЛНР, изјави рускиот претседател на прес-конференција.

„На крајот се најде компромис и тоа беше навистина вистинското движење кон мирно решение. Во сите други години, како што беше кажано овде на вчерашната седница на Советот за безбедност, со напорите на актуелните киевски власти се беше сведено на нула. Затоа, договорите од Минск беа убиени многу пред вчерашното признавање на народните републики на Донбас, а не од нас, не од претставниците на овие републики, туку од сегашните власти во Киев“, објасни Путин.

На прашањето на новинарите за границите на ДНР и ЛНР, Путин рече дека Русија со признавањето на овие републики ги признала сите документи, вклучително и уставот, каде што се посочени нивните граници.

Слични содржини