Арсенал подготви нов договор за Артета

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Иако на месечно ниво се шпекулира дека Микел Артета би можел да добие отказ од Арсенал, се чини дека управата на клубот е задоволна од тоа како Шпанецот го води тимот.

Арсенал е подготвен на својот тренер Микел Артета (39) летово да му понуди нов побогат договор според кој би заработувал 8,3 милиони фунти годишно, објавија британските медиуми.

Артета има 16-месечен договор со „топчиите“, но клубот сака шпанскиот тренер да биде долгорочно решение на клупата на Арсенал. Исто така, сопственикот на Арсенал, Стен Кронке сака да ја истакне довербата што ја има во Артета и затоа одобри тригодишен договор вреден 25 милиони фунти.

Во моментов годишната плата на Артета е пет милиони фунти, што е неспоредливо со заработката на Пеп Гвардиола кој има 20 милиони фунти, додека тренерите на Тотенхем, Антонио Конте и Јирген Клоп од Ливерпул заработуваат 15 милиони фунти годишно.

Слични содржини