Ланец супермаркети заработил 8,5 милиони евра во време на пандемија

од Nikola Popovski
660 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва информираше за нето-профитот на дел од ланците супермаркети во земјава, во време на пандемија, без да ги открие нивните имиња.

-Еден од нив во 2020 имал нето-профит од 4 милиони евра, друг 2 милиони евра и помал е, а трет имал профит од 8,5 милиони евра, а нема ни 10 маркети низ државата. Имаме 5 национални ланци кои имаат заработка од минимум 3 милиони евра, а одредени кои немаат ни 10 супемаркети во државата, заработиле над 5 милиони евра. Сите овие беа поддржани директно од владата во време на пандемија, и со плати и со сѐ. Ние сме повикувале на солидарност, да не биде на товар на граѓаните, рече Бектеши во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини