267
Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска појаснува дека воопшто не се преговара за македонскиот јазик во преговорите во Бугарија.
-Како професор по јазик ми пречи дискурсот кој што се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: се дури го имаме јазикот, ја имаме и државата. Зборуваме за македонски јазик кој што е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас, рече Стојчевска во емисијата „24 анализа“.