Хаџи Јанев: Се отвори Пандорината кутија во Украина

од Nikola Popovski
288 прегледи

Пандорината кутија е отворена, многу работи ќе се изместат и ќе станат интересни размислувањата околу балтичките земји за мирот таму, рече генералот Методи Хаџи Јанев во изјава за „Утрински брифинг“, говорејќи за рускиот напад на Украина.

Според него сега во НАТО ќе треба да се операционализираат дел од плановите кои беа најавени.

-Нов темелен концепт за ново НАТО, термините криза се заменуваат со војна. НАТО во моментов треба да преземе сериозни мерки за одвраќање и трупање на сили. Не гледаме тенденција за прелеање на конфликтот надвор од Украина, но опасно е доколку тргне офанзива за спречување на руските сили. Битно е да се осигураат земјите членки на границата со Русија, вели Хаџи Јанев.

Генералот додава дека сега треба да следи брзо заземање на критичните точки.

-Тоа се полињата за да се стабилизира военото воздухопловство и противвоздушни системи на терен. Долу имаат супериорност. Ќе има блицкриг заземање. Ако украинскиот народ брзо даде отпор, ќе има голем број на цивилни жртви и бегалски кампови. рече Хаџи Јанев.

Слични содржини