Зајков од Украина: Воздушниот простор е затворен, нема ниту возови

од Nikola Popovski
345 прегледи

Македонскиот репрезентативец и член на украинска Ворскла од Полтава, Ѓоко Зајков изјави дека градот каде што живее бил цел на напад. Тој информира дека во моментов се наоѓа на безбедно и дека се чека можност за напуштање на земјата.

-Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, вели Зајков во изјава што ја пренесе ФФМ.

Дефанзивецот пристигна во Украина во јануари од Левски Софија.

Украина од пет часот утринава е под голем воен напад од руска страна. Според украинските власти, досега загинале 40 војници, десетина цивили и едно момче.