Веганска чорба, оброк без месо кој ќе ве засити:
Состојки: (за 4 лица)
– 3 средни слатки компири
– 3 средни главици кромид
– 2 помали црвени или жолти пиперки
– 2 лименки доматен сос или домашен сос
– 200 гр сварен наут
– маслиново масло
– Сол, бибер
– мелен црвен пипер
– куркума
И уште нешто …
– сечкана лута пиперка
– 3 чешниња лук
Подготовка:
Слаткиот компир добро измијте го под вода и исечете го на поголеми парчиња (не лупете).
Префрлете го во сад и прелијте со маслиново масло, посолете, додадете бибер, куркума и мелен црвен пипер, па добро измешајте.
Префрлете го во голем плех обложен со хартија за печење за да не се стават парчињата едно врз друго и да не се допираат. Се пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
Кромидот и пиперките исечкајте ги на поголеми парчиња. Во широка тава, врз маслиново масло ставете кромид и пиперка. Се динста на умерена температура 10 минути, додека кромидот не стане „стаклен“.
Додадете две лименки доматен сос, наутот и вода. На крајот треба да биде доста течен, бидејќи во него се додаваат слатки компири.
Посолете, побиберете, оставете да зоврие, поклопете и динстајте поклопено околу половина час.
Кога ќе завршите, додадете ги печените слатки компири и промешајте.
Можете да додадете ситно сечкана лута пиперка и лук заедно со пиперката и кромидот.
Послужете со ориз басмати, можете да го јадете и така, без прилози, по желба.
Пријатно!