Македонска државјанка, која неколку години живее и работи во Украина, објави видео на социјалните мрежи како ја напушта земјата и се враќа кон Македонија.
Мери Амбросова, заедно со својата ќерка, објаснува дека патува кон источната граница на Украина.
-Јас патувам моментално и за да изгубам време се обраќам на Инстаграм, затоа што Украина е огромна и само да ја превозиме треба 10 часа и знаете дека затворени се границите, вели меѓу другото Амбросова.
Сепак таа чувствува нескопој дека нема да стигне до границата.
-Има паника меѓу луѓето дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имаме уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знаеме дали ќе успееме да поминеме или не, сведочи Амбросова.
Таа во видеото додава дека сопругот засега ќе остане во Украина и подоцна ќе се врати во Македонија.
View this post on Instagram