Инспекциските служби на Општина Аеродром денеска спроведоа акција за остранување на дивите пазарџии и препродавачи во Реонски центар, кои притоа не беа казнети, но им беше наложено веднаш да ги тргнат дивопоставените импровизирани тезги, со опомена истото да не го повторат во иднина.
-Општината излезе на терен и постапи по пријави на граѓани и околните стопанственици, кои со години испраќале поплаки до Општината. Нашата намера е да ја спречиме и превенираме оваа честа појава која не само што претставува лоша слика за овој фреквентен дел од Аеродром, го попречува слободното движење на граѓаните и зафаќа дел од паркинзите, туку и ја поттикнува и развива сивата економија.Општина Аеродром ги интензивира инспекциските контроли на терен и застанува на страната на граѓаните и чесната приватна иницијатива на секој што на легален начин се занимава со ваквите сродни дејности, информираат од општината.