Ѓоковиќ елиминиран во Дубаи, го губи првото место на АТП листата

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со пораз во четвртфиналето го заврши учеството на АТП турнирот во Дубаи.

Ѓоковиќ загуби од 123-тиот на АТП листата, Јиржи Весели од Чешка. Резултатот беше 2:0 во сетови (6:4, 7:6).

Поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи значи дека Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата.

Од понеделник на таа позиција ќе биде русинот Данил Медведев.

Слични содржини