Каспаров му кажа на Западот што треба да прави за да го запре Путин

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Легендарниот руски шахист Гари Каспаров, инаку продемократски активист, денеска на Твитер напиша какви потези треба да преземе Западот за да го спречи Владимир Путин.

– Во ред, откако со години ги игнорираа моите предупредувања и сега цел ден слушав како сум бил во право, ќе го повторам она што го кажав во 2014 година: „Престанете да ми кажувате дека сум бил во право и слушнете што предлагам сега!“.

– Веднаш дајте воена поддршка на Украина. Дајте им го целото оружје, разузнавачки информации. Уништете ја финансиски воената машина на Путин. Замрзнете и запленете ги руските финансии и финансиите на него и неговата банда. Извадете ја Русија од секоја меѓународна и финансиска институција. ПССЕ, Интерпол итн., вели тој.

– Отповикајте ги сите амбасадори од Русија. Нема смисла веќе да се разговара. Новата договорена порака треба да биде – прекинете го нападот или ќе бидете целосно изолирани. Забранете ги сите елементи на глобалната пропагандна машина на Путин. Исклучете ги, пратете ги дома. Престанете да му помагате на диктаторот да шири лаги и омраза, вели Каспаров.

-Откријте ги лакејите на Путин во светот. Ако Шредер и другите како него продолжат да работат за Путин, покренете тужба. Прашајте ги сопствениците на мрежите и огласувачите, како Карлсон, кои му даваат простор на Путин, зошто тоа го дозволуваат, вели легендарниот шахист.

Тој додава дека светот треба да најде замена за нафтата и гасот.

– Најдете замена за руската нафта и гас. Притиснете ги ОПЕК, зголемете го производството, повторно отворете го Keystone. Не можете да ја спасите планетата, ако не ги спасите луѓето на неа. Признајте дека ќе има трошоци, жртви. Долго чекаме, цената е висока, но само ќе расте. Време е за борба, рече Каспаров.

Тој на Твитер наведува и дека не се работи само за „Путин против Украина“, и дека рускиот претседател пред неколку дена бил во Пекинг со Си Џинпинг.

– Ова немаше да се случи доколку не се договореа. Кина може да се преправа дека е неутрална, но диктатурите се држат заедно. Демократиите мора да го сторат истото, напиша Каспаров.

Слични содржини