Колачи со два вида чоколада и брусница.
Состојки:
– 150 гр мек путер
– 130 гр кафеав шеќер
– 2 јајца
– малку арома на ванила
– 380 гр брашно
– 1/2 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка прашок за пециво
– 150 гр додатоци: темно чоколадо, бело чоколадо, брусница
Подготовка:
Подгответе плех обложен со хартија за печење. Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
Направете го путерот со шеќер кремаст, па со постојано мешање додајте едно по едно јајце.
Исклучете го миксерот и додадете ги сите останати состојки и убаво измесете со рака.
На крајот додадете темно чоколадо, бело чоколадо, брусница, да бидат вкупно 150 гр.
Од тестото извадете парчиња со големина по желба, па обликувајте ги бисквитите и печете ги околу 15 минути.
Оставете ги да се изладат на плех, па послужете.
Пријатно!