Весели ја посвети победата против Ѓоковиќ на народот на Украина

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Големата победа во кариерата, можеби најголемата, најзвучната, ја забележа чешкиот тенисер , многу голема – против.

Чешкиот тенисер, Јиржи Весели долго ќе го памети Дубаи по победата над првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во осминафиналето на турнирот.

Весели одигра феноменално и го совлада Новак, го запре на патот до тронот, а можеби најсилниот впечаток е што го симна од првото место на АТП листата, кој Ѓоковиќ го губи без разлика на другите резултати.

Чехот ги освои симпатиите на тенискиот свет и пошироката публика и поради потегот по мечот кога со фломастер на објективот на камерата напиша „Украина“ и на тој начин испрати јасна порака за поддршка до украинскиот народ да се спротивстави на руската инвазија.