Членувањето во НАТО има свои придобивки, едната е гарантирање на колективната безбедност, вели Петровска

од Берта Китинска
184 прегледи

Безбедносната состојбата во Македонија е стабилна и институциите преземаат мерки и активности со кои ја гарантираат таа безбедност, а со членството во НАТО сме дел и од колективната безбедност на алијансата, посочи министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето на Топ Тема.

-Членувањето во НАТО има свои придобивки, едната е гарантирање на колективната безбедност. Се разбира дека имаме и обврски како членка на НАТО, но до овој момент не ни се наметнати никакви посебни обврски, но сме дел од носењето на одлуките во алијансата, бидејќи сме една од 30 членки кои рамноправно учествуваат во носењето на одлуките и креирањето на политиките. Во таа насока е и утрешното учество на претседателот на државата на самитот на нато, на кој ќе учествуваат сите шефови на државите членки на нато, и на кој ќе се донесе одлука за понатамошното дејствување на нато алијансата, изјави министерката.

Слични содржини