301
Познатиот аналитичар Димитар Бечев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Русија не е толку економски силна и на долг рок нема да може да го издржи ова.
„На долг рок не, ама на краток нема проблем бидејќи економијата не е во некоја добра состојба, но не е ни во катастрофална состојба. Русија има големи резерви во странски девизи, странски валути“, вели Бечев.