Навивач на Динамо Загреб почина од срцев удар на мечот меѓу неговиот сакан клуб и Севиља во осминафиналето на Лигата на Европа.
На натпреварот помеѓу хрватскиот и шпанскиот клуб, на јужната трибина на стадионот „Максимир“ му се слошило еден навивач на домашниот клуб.
Брзата помош веднаш дошла на помош, мажот бил пренесен во болница, но не успеал да ја добие битката.
„Искрено сочувство до семејството на навивачот“, изјави тренерот на Динамо, Жељко Копиќ.
Се огласија и од Динамо.
„Со почетокот на натпреварот Динамо – Севиља, на јужната трибина дојде до ситуација каде на еден навивач му се слоши и изгуби свест. Прва помош му беше укажана со брза интервенција од блиската медицинска сестра и полициски службеници. Лекарскиот тим дојде веднаш и го презеде лекувањето, но господинот почина во болница“, соопштија од хрватскиот клуб.