Аактуелниот руско-украински воен конфликт кај голем дел од Македонците предизвика револт кој ги натера на повик за војна и крвопролевање. Секој упатен повик и завземање на страна предизвикува лавина од кометари во кои се шири паника, страв, осуда …
-Во моментов на голем број на граѓани во Македонија им смета постојаното потенцирање дека ние некого „напаѓаме“ дека ние ќе „објавиме војна“, таквиот речник не е потребен за Македонија иако тоа можеби стои некаде дека тоа сме го прифатиле при пристапувањето во НАТО, вели во разговор за „Локално“, професорот по социологија д-р Илија Ацески.
Тој потенцира дека во овие моменти најбитно е сите дадени изјави да бидат умерени.
-Со самите изрази ние поткопуваме, односно го засилуваме тоа дека ние сме сега „нешто“ и можеме да направиме, несвесно дека тоа непријатно звучи.Сепак ние не сме некој фактор во таа смисла ниту може да влијаеме во овој конфликт, но мораме во одредена мера да го одржиме тоа што го бара НАТО, бидејќи сме дел од него. Додек пак кај граѓаните не треба да се шири таа омраза спрема Русите, потребен е уморен однос во изјавите , вели социологот.
Според него поголемиот дел од населението во земјата кое го сочинуваат пензионери, лица кои неработат, домаќинки постојано ги примаат информациите од медиумите кои им се „сервираат“ предизвикувајќи страв од војна.
-Македонија денес е во една сложена состојба како што е и односот со Бугарија и внатрешните конфликти во двете големи партии кои се доста изразени. На економски план познавачите велат дека се ближи кризата и со самото тоа граѓаните се плашат за својата егзистенција. Ние сме една од најсиромашните земји во Европа, скоро 30 проценти од населението се бори од ден за ден за тој „гол живот“ кога ги гледате овие кризи јас зборам од поширок аспект, луѓето се изложени на медумските информации кои повеќето ве полнат со стравови, со војни во таа смисла тоа ја исцрпува до максимум енергијата, во креативна смисла, но како што вели еден добра познавач на состојбите, „проблемите треба да ги тргнете на друго место, за да можат олигарсите релано да ги држат конците и посилно да профитираат“.Во тој поглед вниманието треба да се тргне на сосема друга страна. Еден таков пример е изјавата во однос на Русија на министерката за одбрна која верувајте дека два дена околу 30 проценти да не претерам од вестите и коментарите беа насочени кон тоа, а тоа искрено ништно не значи, обајснува Ацески.
Социологот предупредува дека во овој период може да се појави поголема агресија кај луѓето која би предизвикал нетрпеливост.
-Агресијата ќе дојде до изрза од многуте информации.Таа би предизвикала семејни расправии, подделеност.Затоа таа енергија мора да се насочи некаде, да се потроши затоа што мал дел од луѓето таа енергија ја ставаат во продуктивност, а кај големиот дел е насочена кон агресивност, експлозија и нертпеливот, објаснува тој.
Б.М.