Вучиќ го отфрлил предлогот на ЕУ за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

од Vladimir Zorba
458 прегледи

Членовите на српската Влада на вчерашната седница на која присуствувал и српскиот претседател Александар Вучиќ одлучиле да не го прифатат предлогот на Европската унија Србија да го осуди загрозувањето на територијалниот интегритет на Украина, односно да апелира да се почитува меѓународното право, соопшти српска „Нова“.

Како што дознаваат, Србија не го прифатила предлогот на ЕУ да ги осуди сите кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина и нема да ја осуди руската инвазија на таа земја.

Токму ова е ставот што мнозинствот го усвоило на вчерашната седница на Владата на Србија, на која присуствувал и Вучиќ.

На средбата во Немањина не се зборувало за санкции против Русија. Министрите на СПС Бранко Ружиќ и Новица Тончев, кои биле воздржани за време на гласањето, не ја поддржале одлуката на мнозинството да го отфрли предлогот на ЕУ, Србија да апелира да се почитува територијалниот интегритет на Украина.

Ваквиот став треба да го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска, по уште една седница на Советот за национална безбедност и средбата со патријархот Порфирие, со кого ќе разговара и за ситуацијата во Украина.

Слични содржини