Османи: Нашите дипломати во Украина поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница

од Берта Китинска
205 прегледи

Состојбата во Украина е критична, посебно во Киве, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Амбасадорот и дипломатот и двајца други граѓани коишто се во амбасадата, поголемиот дел од денот го поминуваат во скривница отколку во амбасадата. Не можат ниту да одат во нивните резиденции. Преспале во Амбасадата. Се обидуваме да ги евакуираме, јас имав неколку контакти со колеги во моментов има 20 амбасадори во Киев кои не можат да излезат“, кажа Османи.

Слични содржини