Милевски: Граѓаните од повеќе метрополи излегоа на улица, само Скопје и Македонија останаа мирни

од Берта Китинска
351 прегледи

Македонскиот народ со челнството во НАТО е сигурен, безбеден и стабилен, вели во „Студио 10“, министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

-Она што мене ми сметаше како лидер на политичка партија е што вчера сите метрополи излегоа на протест, граѓаните излегоа на улица и во Москва и Санкт Петербург, бидејќи војна во 21 век не е решение, единствено Скопје и Македонија останаа мирни, затоа денеска на протестот кој е закажан за 14:30 часот на плоштад организиран од страна на украинското здружение во Македонија јас лично ќе бидам присутен како граѓанин , тие заслужуваат морална поддршка и државата треба да ги отвори границите доколку треба да се згрижат бегалците.Не мислам дека рускиот народ е агресор, смета дека тоа е лошата политика на Путин, согласни се Либералните партии со тоа е дека на оваа забегана работа која ја прави Путин треба Европа да му застане на патот, вели Милевски.

Слични содржини