Руски „Газпром“ објави дека резервирале многу поголеми капацитети за транспорт на гас со гасовод преку територијата на Украина до Европа, еден ден по рускиот напад врз соседната земја, што поттикна многу земји да и се закануваат на Москва со санкции.
– „Гаспром“ редовно испорачува руски гас за транзит низ Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи – соопшти компанијата, според извештајот на „Интерфакс“.
Тоа би значело дека денеска би биле испорачани 103,8 милиони кубни метри гас, пресмета агенцијата ДПА.
Повикувајќи се на податоци од украинскиот систем за пренос на гас, тие објавија дека имаат резервирани капацитети за транспорт на речиси 100 милиони кубни метри гас во украинскиот гасовод денеска, 20 отсто повеќе од четвртокот.
Транзитот на руски гас расте од понеделник, кога беше на ниво од околу 50 милиони кубни метри. Тоа е повеќе од половина од договорните обврски на „Газпром“ кон европските клиенти.