Рускиот претседател Владимир Путин го повика воениот персонал на вооружените сили на Украина да ја преземат власта во Киев во свои раце. Тоа го изјави на итен состанок во Советот за безбедност на Русија.
„Уште еднаш апелирам до воениот персонал на вооружените сили на Украина: не дозволувајте неонацистите да ги користат вашите деца, жени и постари лица како жив штит, преземете ја власта во свои раце. Се чини дека ќе ни биде полесно да се помириме со вас отколку со оваа банда на наркомани и неонацисти, кои се населиле во Киев и го зедоа како заложник целиот украински народ“, рече тој.
Путин рече и дека руските офицери во Украина „се однесуваат храбро, професионално, херојски“, пренесува rbc.ru.