Новородените бебиња во источниот украински град Днипро се префрлени во импровизирани засолништа во болница додека руските сили ја напаѓаат Украина.
Десетина бебиња кои биле задржани на одделот за новороденчиња, брзо биле префрлени во подрумот на болницата лоцирана во источниот дел на земјата.
На видеото кое го објави Њујорк Тајмс се гледаат медицински сестри кои се грижат за бебињата, а неколку од нив ги држат бебињата во раце и ги нишаат. На видеото се прикажани и кеси на надувување за доставување воздух на децата кои имаат тешкотии со дишењето.
Бебињата, кои изгледаат стари од неколку часа до неколку дена, биле завиткани во ќебиња во различни бои и лежеле на импровизирани кревети.
Д-р Денис Сурков, шеф на одделот за новороденчиња во Регионалната детска клиника во градот, во порака за Њујорк Тајмс изјави дека тоа е нивната реалност.
Кога започнала инвазијата, докторот рекол дека биле нервозни и многу збунети.
Днипро беше меѓу десетината градови и населени места во Украина кои беа гранатирани од Русија во четвртокот. Ракетите погодија цели во реките Днепар, Харков и низа други места.