S&P го намали кредитниот рејтинг на Русија на „ѓубре“

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Руската инвазија на Украина го намали кредитниот рејтинг на Русија, при што S&P го намали рејтингот на Русија на „ѓубре“, Moody’s го стави под лупа за веројатен пад во таа категорија, додека S&P и Fitch го намалија кредитниот рејтинг на Украина.

S&P го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија на „BB +“, од „BBB-“ и предупреди дека рејтингот може да продолжи да паѓа, откако ги анализираше макроекономските последици од санкциите.

„Според наше мислење, досега објавените санкции би можеле да имаат значителни негативни ефекти врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник во меѓународната трговија“, соопшти S&P.

Агенцијата го намали и рејтингот на Украина на „Б-“ од „Б“.

Ова не е првпат Русија да се најде во категоријата „ѓубре“ (junk) според кредитниот рејтинг. Moody’s и S&P презедоа слични чекори на почетокот на 2015 година по анексијата на Крим и падот на цената на нафтата предизвика валутна криза во руската рубља.

Постои „сериозна загриженост“ за способноста на Русија да управува со разорните ефекти од новите санкции врз нејзината економија, јавните финансии и финансискиот систем, изјави Moody’s, цитирани од „Ројтерс“.

Русија има најниско ниво на долг во светот

Русија сè уште е во инвестициските зони на Moody’s и Fitch (Baa3 и BBB-, соодветно), поради едно од најниските нивоа на долг во светот од само 20% од БДП и речиси 650 милијарди долари девизни резерви.

Moody’s, сепак, рече дека „одлуката за ревизија на сегашниот кредитен рејтинг на Русија за негово намалување ќе ги одрази негативните кредитни импликации врз кредитниот профил на Русија поради дополнителните и построги санкции наметнати на неа“.

Оттаму додаваат дека нивната одлука ќе зависи од обемот на конфликтот и сериозноста на дополнителните западни санкции, кои веќе ги погодија некои од најголемите руски банки, воениот извоз и членовите на потесното опкружување на претседателот Владимир Путин.

Тој додаде дека ќе го измери степенот до кој значајните девизни резерви на Русија се способни да ги ублажат нарушувањата што произлегуваат од новите санкции и долготрајниот конфликт.

Moody’s го ревидираше и рејтингот на Украина „Б3“, кој веќе е во категоријата „ѓубре“.

Fitch сепак не чекаше и веднаш го намали рејтингот на Украина за три степени на „ЦЦЦ“ од „Б“.

Објаснија дека „постои голема веројатност за продолжен период на политичка нестабилност, при што промената на режимот е веројатна цел на претседателот Путин, што ја зголемува политичката несигурност и потенцијално ја поткопува подготвеноста на Украина да го отплати својот долг“.

Moody’s, исто така, предупреди дека тежок конфликт може да му отежне на Киев да се бори со отплата на долгот.

Помалата европска рејтинг агенција Scope процени дека државниот долг на Украина може да скокне над 90 отсто од БДП до 2024 година од сегашните 50 отсто.

Слични содржини