Шон Пен од Украина: Ако не попушти, Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Оскаровецот Шон Пен е во Украина, каде што снима документарен филм за рускиот напад врз Украина. Како што веќе објавивме, Пен дошол во Киев за да сними се што моментално се случува во Украина и да му ја каже на светот вистината за рускиот напад врз таа земја.

„Веќе е направена брутална грешка бидејќи се одземени животи и се скршени срца, а ако не попушти, верувам дека господинот Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво.

„Претседателот Зеленски и украинскиот народ се издигнаа како историски симболи на храброст и принципи. Украина е врв на копјето за демократската прегратка на соништата. Ако ја оставиме да се бори сама, нашата американска душа е изгубена“, рече Пен во соопштението за медиумите, кое го пренесе и „Варајети“.

Холивудскиот актер и режисер ја посети Украина во ноември минатата година, кога ги започна подготовките за овој проект за кризата што ги потресе двете земји.

Продуцентската куќа „Vice Studios“ потврди дека оскаровецот планира да сними документарен филм за настаните во Украина, па веднаш излегол на терен.

Пен првпат се појави во Киев на прес-конференција на која владини претставници на таа земја зборуваа за деталите од ескалацијата на кризата.

„Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за таквиот израз на храброст и чесност“, се вели во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи:

„Тој ја покажува храброста што им недостасуваше на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе такви луѓе, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе ја запреме оваа грозоморна инвазија на Русија“.

Во Киев, Пен се сретна и со вицепремиерката Ирина Верешчук, како и со локални новинари и припадници на армијата.

Слични содржини