238
Ројтерс утринава објави дека речиси 200 Украинци, меѓу кои три деца, биле убиени како резултат на „руската агресија“.
Оваа информација првично ја пренесе Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот министер за здравство Виктор Љашко.
Тој рече дека 1.115 луѓе се повредени, меѓу кои 33 деца. Не е јасно дали мислел само на цивилни жртви.
Претходно градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во текот на ноќта во главниот град се повредени 35 лица, меѓу кои две деца.
Тој додаде дека во моментов нема големо руско воено присуство во Киев, но активни се руски диверзантски групи.