Зеленски – Драги: Италија го поддржува исклучувањето на Русија од SWIFT

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараше со италијанскиот премиер Марио Драги.

По овој разговор, Зеленски потврди дека Италија го поддржува исклучувањето на Русија од SWIFT.

Ова е глобален меѓубанкарски систем за пораки што помага да се олеснат плаќањата. Конкретно, тоа и овозможува на Русија да пренесува пари низ светот за да прима плаќања за гасот.

Ако Русија биде исклучена од системот, тоа би можело да и наштети на економијата на земјата бидејќи дневните трансакции би морале да одат директно меѓу банките.

Ова може да предизвика одложувања и на крајот да ја чини скапо.