Дел од автопатот на авенијата Перемохи кај Киев синоќа се претвори во воена зона. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа пожар покрај клучниот пат кој оди исток-запад од центарот на градот, јавува Би-Би-Си.
Според пишувањата на медиумите, видеото е снимено во близина на метро станицата „Берештеиска“ во главниот град, на само четири километри од зградата во која се наоѓа украинското Министерство за одбрана.
Проспект перемоги зараз. Київ pic.twitter.com/KGQO3eKSqR
— Мілітарний (@mil_in_ua) February 26, 2022
Како што објавивме утринава, очевидци тврдат дека во главниот град на Украина Киев синоќа избувнале борби. Сепак, градоначалникот на Киев инсистира дека во моментов нема руски војници во главниот град, пишува Sky News.
Виталиј Кличко рече: „Ноќта беше тешка, но нема руски војници во главниот град. Непријателот се обидува да влезе во градот особено од Гостомела, Житомир“.
Тој инсистира на тоа дека „таму се неутрализирани агресорите“.