268
„Стручната јавност, архитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Данела Арсовска и потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е по сите стандарди и е целосно безбеден“, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.
„Со ова паднаа во вода сите оправдувањата на Арсовска за стопирање на овој важен проект за скопјани, за културата во главниот град, но и за целата држава. Се расчисти маглата со која Арсовска се обидуваше да ја покрие сопствената незаинтересираност да го продолжи и да го заврши овој проект“, смета тој.