238
Вкупната капитализација на пазарот на криптовалути поврати уште 3,5 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа и со тоа се искачи на 1,85 трилиони долари.
Биткоинот во истиот временски период врати 1,4 отсто од вредноста, а според податоците на сајтот „Коингеко“, се тргува по цена од 38.894 долари.
И Етереум продолжи да закрепнува, за 6,2 отсто, па на берзите се проценува на 2.758 долари.