Град Скопје: На терен се инспекциски надзори за наплата на комуналните такси и данок на имот

од Nikola Popovski
255 прегледи

Град Скопје информира дека екипи од Одделението за даночна инспекција, како и за инспекција за наплата на комунални и други такси при Инспекторатот на Град Скопје, продолжуваат со редовни контроли и надзор врз наплатата на таксата за правните и физичките лица.

-Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

Градот Скопје ги продолжува редовните инспекциски контроли со цел обезбедување почитување на прописите на терен и воспоставување систем на еднаквост и правичност, при што неселективно ќе се изрекуваат казни за сите кои не го почитуваат законот, стои во соопштението.

Слични содржини