Мадона, кралицата на поп музиката, се огласи на Инстаграм по повод рускиот напад врз Украина, остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин и му дава јасна поддршка на Владимир Зеленски, претседател на Украина.
На Инстаграм, каде ја следат повеќе од седумнаесет милиони луѓе, Мадона објави кратко видео, поточно монтажа, на која Владимир Путин, претседателот на Русија, е претставен како Адолф Хитлер, нацистичкиот лидер одговорен за страдањата на милиони луѓе во Втората светска војна.
„Нападот на Русија врз Украина мора да биде запрен. Ве молиме испратете помош до милиони Украинци чии животи беа уништени од овој бесмислен напад“, започна Мадона на Инстаграм.
„Путин го прекрши секое човеково право што постои во неговиот мандат досега. Тој нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина како независна и суверена држава. Ние те поддржуваме тебе, претседателе Зеленски, те поддржуваме тебе и твојата држава“, додаде пејачката.
Мадона потоа напиша „Слава на Украина“, а во описот на својот профил остави линк преку кој може да им помогне на граѓаните на Украина.
Видеото е ремикс на нејзината хит песна „Sorry“ со стиховите „I Can’t Hear Your Lies Anymore“.
Снимките од детонацијата и граѓаните на Украина кои ја напуштаат земјата и Киев во колумни може да се видат во монтажата. Има и снимки од Адолф Хитлер, но и од Путин, кој потоа се претвора во Хитлер.
View this post on Instagram
Во Украина веќе трет ден беснеат судири. Руските сили напредуваат во различни делови на земјата, се слушаат сирени и детонации, а Западот тврди дека нивна примарна цел е главниот град Киев.