Петков: Тргнати се три автобуси со Бугари од Украина, со нив има и Италијанци

од Nikola Popovski
252 прегледи

Од Одеса за Бугарија веќе тргнаа три полни автобуси, а во нив се и четворица Италијанци и двајца Украинци. За утрешниот ден е најавено дека уште два наши автобуси ќе тргнат од Одеса заедно со автобуси на грчкиот конзулат, придружувани од полициска придружба. На сите граѓани кои тргнуваат со лични автомобили им препорачуваме да наполнат гориво и да ги држат резервоарите што е можно пополни, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференција за згрижувањето на 140 бугарски државјани од Украина.

Според Петков, бугарскиот ситуациски центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во контакт со локалните власти во Киев за да обезбеди „зелен коридор“ за нивно заминување од главниот град на Украина.

-На границите со Романија и Молдавија има наши граничари за да овозможат непречено минување и доколку е потребно да понудат и друга помош, додаде министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска на вонредната прес-конференција.

-Имаме 140 луѓе кои се уште се во Киев кои сакаат да бидат евакуирани. Автобусите во секое време ќе бидат пред нашето дипломатско претставништво и кога ќе добиеме информација дека има зелен коридор, ние преку нашата група на социјалните апликации ќе им дадеме упатства да тргнат амбасадата. Спремни се, информира Генчовска.

Слични содржини