Руските сили продолжија да го бомбардираат Киев, погодена детска онколошка болница

од Nikola Popovski
210 прегледи

Едно дете загина во детската онколошка болница Окмадит, а повредени се две деца и двајца возрасни после вечерашните гранатирања на Киев од страна на руските воени сили, јавуваат украинските медиуми.

Звуците на сирените и бомбардирањата повторно ги урнаа сите надежи за мирна ноќ во Киев, во саботата вечерта, додека руските сили продолжија да напредуваат.

„Украинска правда“ и „Киев Индепендент“ јавуваат дека поради артилериско гранатирање на руските окупатори во Киев, едно дете починало во детската онколошка болница „Окмадит“, а повредени се две деца и двајца возрасни.

Исто така наведуваат дека главната метро-станица во градот останала без електрична енергија.

Слични содржини