Зеленски побара на Русија да и се одземе правото на глас во Советот за безбедност на ОН

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара на Русија да и се одземе правото на глас во Советот за безбедност на Обединетите нации, додавајќи дека руските криминални дејствија во Украина се на работ на „геноцид“.

Русија, а пред тоа и СССР, е една од петте земји кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН од 1945 година, што на Русија и дава моќно право на вето на сите „суштински“ резолуции кои телото ги разгледува, пишува „Гардијан“.

Русија во петокот го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата на Советот за безбедност со која се осудува агресијата на Москва и се бара таа да се повлече од Украина.

Советот за безбедност, формиран по Втората светска војна за да се избегнат идни конфликти и да се промовира мирот, покрај Русија има четири постојани членки – САД, Обединетото Кралство, Франција и Кина.