Украина соопшти дека ја вратила контролата над Харков

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Украина има целосна контрола над градот Харков во североисточна Украина, објави на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.

„Контролата над Харков е целосно наша! Вооружените сили, полицијата и одбранбените сили работат, а градот целосно се чисти од непријателите“, напиша Синегубов на Телеграм, споделувајќи и фотографии од заробени руски војници.

Руските трупи влегоа во вториот по големина град во Украина во неделата рано наутро.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат улични тепачки меѓу украински и руски војници.

Би-би-си јавува дека ситуацијата на теренот е нејасна и дека тврдењата за контрола е тешко да се проверат, но дека и цивилите на терен им кажале дека Харков повторно е под контрола на Украина и дека конфликтот на улиците стивнува.

Слични содржини