Анастасија Лена, поранешна мис на Украина, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со пушка во рака.
Таа победи на натпреварот за убавина во 2015 година. Невообичаено за мисиците, убавата Анастасија е вешта со оружје бидејќи неколку пати се натпреварувала на аерсофт натпреварувања.
Сега таа позира со пушка на Инстаграм и повикува на одбрана на Украина.
View this post on Instagram
Лена не е единствената манекенка која се осврна на конфликтот кој трае веќе една недела. Руската манекенка и поранешна манекенка на Викторија Сикрет, Наталија Водијанова на својот Инстаграм профил ја коментираше ситуацијата и истакна дека „жените ќе го носат најголемиот товар“.
„Како мајка, моето срце е за сите мајки кои ги трпат последиците од неодамнешните настани во Украина и за сите оние кои се погодени од овој конфликт. Жените ќе го сносат товарот од овој конфликт и сакам да знаат дека не се сами. Не можам сама да помогнам, но како заедница можеме многу“, напиша таа.