Украински политичар за „Локално“: И Белорусија влегува во војна со Украина

од Nikola Popovski
645 прегледи

И Белорусија влезе во војна со Украина, вели во изјава за „Локално“, украинскиот политичар и поранешен воен затвореник на Кремљ, Роман Сушченко. 

Според него, Единицата за специјални операции на Белорусија со авиони се упатува кон украинско тло.

-Се подготвува операција за слетување со нивно учество во правците на Киев и Житомир, на северот на Украина. Моите извори се белоруски опозициски новинари чии роднини живеат во близина на воениот аеродром од каде се упатиле, информира Сушченко.

Политичарот додаде дека состојбата во северот на Киев е трауматична, но дека во моментов нема напади од руска страна.

Андриј Загородњук, поранешен украински министер за одбрана, денес се надоврза дека Белорусија се подготвува да и објави војна на Украина.

– Многу е веројатно Република Белорусија да се приклучи на војната на Русија против Украина. Има информации за воздушни трупи од земјата кои се упатуваат кон Украина, рече тој, пренесе Гардијан.

Таа информација се појави малку порано од онаа за преговорите во Белорусија, на која Украина се согласи. Зеленски денес информира дека двете делегации за преговори ќе се сретнат на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, а дека белорускиот претседател Александер Лукашенко ќе биде задолжен за безбедноста на средбата.

Н.П.

Слични содржини