Турски кошаркар со порака до Путин: Застрелај се во бункер како Хитлер

од Nikola Popovski
354 прегледи

Турскиот кошаркар Енес Фридом (Кантер) упати навредлива порака до претседателот на Русија, Владимир Путин поради агресијата врз Украина.

Русија во четвртокот започна воена инвазија, што беше осудено од многу земји од меѓународната заедница.

Додека некои украински спортисти, како Сергеј Стаховски или браќата Кличко, се подготвуваат да земат оружје, а спортистkите како Дијана Јастремска се кријат надвор од границите на земјата, има и такви кои ја следат ситуацијата од страна.

Фридом пред неколку дена го повика НАТО да реагира и да ги спречи настаните во Украина, а сега објави навредлива порака и фотографија од Путин.

Тој го спореди претседателот на Русија со Адолф Хитлер и му посака да заврши во бункер и да се самоубие.

„Злобен Путине, ајде да забрзаме до делот кога ќе се застрелаш во бункер како кукавица“, напиша Фридом, кој претходно беше номиниран за Нобеловата награда за мир.

Потсетуваме, тој помина 11 години во НБА, за Јута, Оклахома, Њујорк, Портланд и Бостон, а од неодамна е без ангажман.

Фото: Profimedia/Getty images/Sarah Stier

Слични содржини