Мрежата „SafeJournalists“ се солидаризира со народот на Украина, но особено со украинските новинари кои сега се на првата линија на големата европска војна.
Тие еднострано го осудуваат насилството и агресијата што ги става во сериозна опасност илјадници наши колеги низ Украина.
-Ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди секаква можна помош за оние кои ја преземаат храбрата улога да известуваат од воената зона, која сега е Украина. Го осудуваме физичкото насилство, сајбер нападите, дезинформациите и сите други оружја што ги користи агресорот против слободниот и демократски украински печат. Солидарни сме и со независните руски медиуми, кои продолжуваат да известуваат вистинито во невидени услови. Придружете се на изјавата за поддршка на Украина со потпишување овде, бараат од „SafeJournalists“.