Во раните утрински часови на четвртиот ден од војната во Украина, руските трупи објавија дека вториот по големина град во Украина е Харков и официјално под контрола на руските сили. Битката за оваа стратешки важна локација траеше со часови, а на крајот Украина објави дека власта повторно е во рацете на лидерите на Харков.
Украинската државна служба за итни случаи потврди дека ракета паднала врз деветкатница во североисточниот град Харков, при што една жена загинала, а други се повредени. Неколку часа претходно, ракета погоди гасовод во истиот град.
Во раните утрински часови руските сили влегоа во Харков, вториот по големина град во Украина. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како руски тенкови минуваат низ центарот на градот, а локалните власти ги повикаа жителите да останат во засолништа поради големата закана.
„Не ги напуштајте засолништата! Вооружените сили на Украина го елиминираат непријателот. Се молат цивилите да не излегуваат на улица“, соопштија властите во Харков.
Украинската агенција УНИАН објави видео од уништеното руско воено возило Тигр-М во Харков, но тоа никогаш не беше официјално потврдено.
Улични борби
По влегувањето на руските тенкови, набрзо избувнаа улични борби во центарот на Харков.
„Возилата на рускиот непријател напредуваа во градот Харков. Вклучувајќи го и централниот дел на градот. Предупредување! Не ги напуштајте вашите засолништа!“, уште еднаш беа предупредени жителите, додека низ градот одекнуваа проектили.
Харков, дом на околу 1,4 милиони луѓе, е на помалку од 32 километри јужно од руската граница. Украинските сили успеаја да ги одвратат руските војници да влезат во градот во последните три дена, но тоа се промени во неделата наутро бидејќи борбите се водат во срцето на градот.
Украинците прогласија победа
По неколкучасовни жестоки борби, лидерот на Харков, Олег Синегубов соопшти дека руските тенкови биле истиснати од неговиот град и дека контролата сега е повторно воспоставена.
Во објавата на Телеграм, Синегубов рече: „Контролата над Харков е целосно наша. Вооружените сили, полицијата, одбранбените сили работат и градот се чисти од непријатели“.
Ова означи голема победа за украинските одбранбени сили, кои се уште се борат да го зачуваат главниот град Киев, кој е под силен напад на руските војници.