Русија поради агресијата кон Украина се најде на голем удар, што важи и за спортот.
Последната вест на таа тема пристигнува од Светската куќа на фудбалот. Имено, ФИФА го казни рускиот фудбал, а главната забрана е тамошната репрезентација да игра под вообичаеното име „руска фудбалска репрезентација“.
Отсега натаму, репрезентацијата ќе игра под називот „Тим на Фудбалскиот сојуз на Русија“ на меѓународните натпреварувања.
Покрај споменатата одлука, ФИФА забрани и користење на руското знаме и химна на меѓународни натпревари на кои учествуваат репрезентации под капата на Фудбалскиот сојуз на Русија.
Сите руски репрезентации во било која возрасна категорија, домашните натпревари ќе ги играат на неутрален терен без публика, се нагласува во соопштението на ФИФА. Тоа автоматски значи дека руската селекција на 24 март ќе треба да го одигра баражот за пласман на Светското првенство против Полска вон својата татковина.
– Останува можност исклучувањето на руските тимови од сите натпреварувања, доколку конфликтот ескалира, се наведува во соопштението на Светската куќа на фудбалот.