Странците ја напуштаат ЦСКА Москва поради руската агресија

од Nikola Popovski
359 прегледи

Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва излезе со соопштение во кое потврди дека двајца кошаркари – Торнике Шенгелија, Ифе Лундберг ја напуштиле Москва, а во блиска иднина истото ќе го сторат и Мариус Григонис и Јоханес Фојтман.

Поради притисокот од нивните земји, Грузиецот, Данецот, Литванецот и Германецот, но и поради, како што наведоа, безбедноста на нивните семејства, решиле да ја напуштат Москва, со што ги прекршиле договорите.

„Од лични причини, поврзани со моменталната ситуација меѓу Русија и Украина, ЦСКА ја напуштикја Торнике Шенгелија и Ифе Лундберг. Мариус Григонис и Јоханес Фојтман во блиска иднина ќе се вратат во татковината.

На тој начин ги прекршија договорите и прописите, но клубот со разбирање се однесува кон личната состојба на секој од играчите. Статусот на кошаркарите ќе биде решен кога ќе се нормализира политичката и спортската ситуација во Европа“, се вели во соопштението на Московјаните.

Од прославениот руски клуб изјавија дека останатите кошаркари и членови останале во клубот и дека се подготвуваат за натпреварите кои следат по нивниот распоред.

Засега единствено се знае дека руските клубови нема да играат домашни натпревари пред своите навивачи, односно на територијата на својата земја.

 

Слични содржини